Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тима се
обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно
преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина
од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се
преносува преку тапкање и подавање на останатите членови на тимот.
Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7
правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за
развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна
Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската
Евролига и северноамериканската Национална Кошаркарска
Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е
најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната
кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на
кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е
победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат
надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи по 1
поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот,
односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу
играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се
дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои
топката може да се води. (Дознајте повеќе...)
Добре дојдовте на Википедија
слободната енциклопедија што може да ја уредува секој
имаме 49.425 статии на македонски јазик
Биро за консултации — Служејќи како виртуелни библиотекари, нашите
доброволци даваат одговори на вашите прашања од многу области.
Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место
каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс
НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови. Може да важат и дополнителни
услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.
